На 05.12.2025 година НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола го прослави својот патронен празник, на кој со особена чест и гордост беа промовирани изданија што ја заокружуваат 80-годишната традиција на нашата установа и ја претставуваат како жива, модерна и продуктивна институција.
Со особено задоволство ги претставивме:
Двете библиографии, од кои:
Едната е посветена на неодамна починатиот проф. д-р Александар Стерјовски – најголемиот хроничар на Битола, два мандати проректор на УКЛО и продолжение на библиографијата на славната проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, борец за нашиот идентитет и експерт за средновековната македонска книжевност.
Два каталози:
„Мојата Битола” – Дигитална библиотека линк
„Личности и настани коишто не се забораваат“- Дигитална библиотека линк
Публикација за историјата на нашата библиотека
Автор: Емилија Стефановска-Давкова – Дигитална библиотека линк
Монографија по повод 80-годишниот јубилеј на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Aвторки: Емилија Стефановска-Давкова и Анита Ангелевска – Дигитална библиотека линк
Зборник од роднокрајни автори, со кој го одбележавме Јубилејот – 20 години „Роднокрајни средби“ на битолските писатели и 20-ти по ред Зборник од тркалезната маса: Дигитална библиотека линк
Списанието „Библиотечен тренд“ – двоброј, кој по обем и тираж значајно се издвојува од претходните изданија, како резултат на богатата и динамична јубилејна програма: Дигитална библиотека линк
Промотори на изданијата беа:
проф. д-р Елка Јачева-Улчар – познат и признат научник и неуморен бранител на македонскиот јазик и идентитет;
Писателот Илче Стојановски – поранешен програмски раководител на оваа установа и долгогодишен пријател на нашата библиотека.
На одбележувањето присуствуваа: градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, ректорот на УКЛО Битола проф. д-р Игор Неделковски, заменик градоначалничката на Општина Битола Марина Крстиќ, претседателот на Советот на Општина Битола Бојан Бојковски, градоначалниците на Општина Новаци и Општина Могила, советниците во Општина Битола, поранешни директори и вработени во Библиотеката, библиотекари, писатели, читатели, љубители на пишаниот збор…на коишто директорката срдечно им се заблагодари за стабилната соработка којашто во иднина ќе се продлабочува и ќе се развива со уште поголема динамика и резултати.
На промоцијата беше доделена плакета на
проф. д-р Алекдандар Стерјовски – постхумно, којашто ја прими неговиот син Гого, кој со многу емоции искажа благодарност до директорката за спомнувањето на неговиот татко во оваа прилика, на денот на патронот на Библиотеката.
Доделени беа и благодарници на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола и за сестрите од Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ – Битола кои донираа стари и вредни книги, ракописи и хармониум за музејската поставка на Библиотеката.
Во холот на библиотеката е поставена свечена изложба по повод одбележувањето на патрониот празник и јубилејот – 80 години од нашата богата традиција и континуирана мисија во служба на знаењето, науката и културата.
Свечената академија ја разубавија учениците од Државно музичко училиште-Битола: Димитар Трајчески-виолина, под менторство на проф. Игор Милевски и Марко Марковски-соло пеење под менторство на проф. Магдалена Наумоска.
Со одбележувањето на овај патронен празник , ја заокружуваме јубилејната година 80 години раст и развој на нашата Библиотека.
YouTube link од свечената академија по повод патрониот празник

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook