Отворање на Дневна соба во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола на 4 септември 2023 година.
Јавните библиотеки имаат важна социјална функција во животот на секој човек, тие се безбедни места кои ги зближуваат луѓето со различни интереси и возраста. Прераснаа во мултифункционални центри и пријатни простори кои освен книга и информација нудат и програми за квалитетно поминување на слободното време.
Ви нудиме:
• Слободен интернет пристап
• Книги, бестселери, сликовници
• Странска популарна литература
• Дневен печат
• Секаков вид списанија
• Стручна литература за квалитетно поминување на слободното време
• Можност за друштвени игри
• Литература по области
• Информации и предлози за читање
• Помош при пребарување
• Изложби
• Работилници
• Курсеви
• Клуб на читатели
• Можноста за волонтирање во библиотеката со посебни привилегии
• Закажување на средби
• Фото сесии
• Нови библиотечни програми по Ваш избор
ПОМИНУВАЈТЕ КВАЛИТЕТНО СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ СО КНИГА И УШТЕ МНОГУ НОВИ СОДРЖИНИ.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!