Октомври – Месец на борба против ракот на дојка
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола е обоена во розево, во знак на поддршка за сите жени кои се борат со ракот на дојка.
Во холот на библиотеката е поставена тематска изложба на книги со позитивни и инспиративни теми, кои нè потсетуваат на силата, надежта и важноста на свеста за ова заболување.
Ве покануваме да ја посетите библиотеката и да пронајдете поддршка и мотивација низ зборовите на авторите. Бидете дел од свеста, поддржете ја борбата и дајте надеж.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook