Од 16 до 18 септември 2026 година, во Охрид се одржа EPALE обука на тема „Интернационализација во образованието за возрасни и како да ги вградиме европските вредности во нашите проекти“.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола на обуката ја претставуваа директорката м-р Емилија Стефановска-Давкова и м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар советник.
Околу 30 учесници од различни институции и организации, преку учење, размена на искуства и практична работа, разговараа за меѓународната соработка, развивањето проектни идеи, пронаоѓањето партнери и можности за финансирање, како и за одржливоста на проектните резултати.
Главната порака од обуката беше:
„Интернационализацијата не започнува со апликација. Таа започнува со потреба, љубопитност, учење и поврзување.“
Учеството претставува уште еден чекор кон воспоставување нови партнерства, зајакнување на меѓународната соработка и примена на европските вредности во работата на библиотеката.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook