Пред преполната сала на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, сите заедно уживавме во прекрасниот перформанс на учениците од II б одделение и неколку ученици од VIII одделение од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, кои ја одиграа прекрасната приказна „Девојчето и 12 месеци“, под менторство на наставничката по македонски јазик Александра Упале и одделенската наставничка Катерина Матевска. Заедно пеевме и се смеевме, другарувавме, одбележувајќи ја нашата недела за раскажување на бајки и приказни.
Приказните секогаш не носат во необични места во кои се случуваат волшебни и необични работи, од кој сите можеме да извлечеме силна поука.
Оваа приказната пренесува моќна порака за важноста на зборовите:
„Убавите зборовите вредат злато, а лошите зборови касаат како лута змија“.
Затоа да ги учиме нашите деца да користат убави зборови.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook