По покана од г-дин Константинос Ефтимиу, заменик градоначалник за социјална политика на Општина Халандри, Грција (Атина), во периодот од 14 до 16 април 2025 година, м-р Фатма Бајрам Аземовска, раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста ја претставуваше НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола на студиска посета и завршна конференција во рамки на Erasmus+ проектот PROCEED GOES PRACTICE.
Посетата на Градската библиотека во Халандри беше фокусирана на размена на добри практики во управување со јавни библиотеки, дигитални ресурси и ангажман со заедницата, како и воспоставување можности за идна соработка меѓу нашата библиотека и Халандри.
Оваа посета претставува значаен чекор за зајакнување на видливоста и професионалниот развој на нашата институција.
Горди сме што нашата библиотека беше дел од оваа иницијатива и што ја претставивме Битола на европската библиотечна сцена!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook