Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа 22 Општински натпревар „Млади библиотекари“. На овој натпревар учество зедоа ученици од основните училишта од Битола и еден ученик од основното училиште од с. Добрушево.
Комисијата составена од три члена: Илче Стојановски, м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски и Ирена Колевска по прегледаните тестови ги соопшти резултатите:
Прво место на овој натпревар освои ученичката Сара Ѓоргиевска од ООУ „Гоце Делчев“ – Битола со освоени најмногу поени, под менторство на Маја Марковски.
Второ место освои ученичката Евгенија Поп Стефановска од ООУ „Коле Канински“ – Битола под менторство на Марија Пискачева.
Трето место освои ученичката Лили Иломаноска од ООУ Тодор Ангелески“ – Битола под менторство на Ирена Настевска.
Наградите им ги додели директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски.
Ученичката Сара Ѓоргиевска ќе не претставува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи во Библиотеката „Искра“-Кочани на 12 Мај.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook