Оваа година НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, со заедничка активност се приклучи кон одбележувањето на патрониот празник на Гимназија „Јосип Броз – Тито“, 25 мај.
За таа цел, во просторот на заветот, нашата и ваша Библиотека, како што вели Гане Тодоровски:
„Во секој заглед: Занемена Големина! Во секоја мисла: Победа на невремето!“, се спроведе ораторскиот натпревар кој имаше за цел да ги поттикне младите гласно и достоинствено да го искажат својот став и во една позитивна атмосфера постепено да го зајакнуваат и хранат својот интелект и да ги негуваат духовните вредности.
Големиот Мартин Лутер Кинг, го започнал својот прочуен говор со зборовите „Јас имам сон“. Неговиот сон, никогаш докрај, но во голема мера се исполнил. Тие зборови одекнуваат со генерации и преку времето. Затоа, оваа тема имавме можност да слишнеме големи соништа, но и да направиме чекор понапред кон критичко размислување и превреднување на светот
Пред тричлената комисија во состав:
м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски, виш библиотекар при НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
м-р Симона Петровска професорка по македонски јазик и литература и Сара Груевска, професорката по македонски јазик и литература при Гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, се претставија 12 ученички од оваа гимназија, кои со своите ораторски способности ги пленија срцата на присутните, а на комисијата им поставија тешка задача.
Комисијата на крај избра три најмоќни ораторски говори кои допреа длабоко до сечие срце, а овие ученички беа наградени со книги.
Искрено се надеваме дека овој натпревар ќе прерасне во традиција и ќе биде водилка кон достигнување на високи цели и дофаќање на вишини до кои младиот човекот е моќен да достигне!
Им честитаме на учесниците за прекрасните говори!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook