На 3 јуни 2026 г. во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола имавме чест да бидеме домаќини на Н.Е. амбасадорот на Република Австрија во Македонија, г. Мартин Памер, на настан посветен на 100 години од смртта на големиот поет Рајнер Марија Рилке и 100 години од раѓањето на истакнатата писателка Ингеборг Бахман.
Настанот беше реализиран во соработка со ООУ „Даме Груев“ – Битола. Благодарност до директорката Билјана Дамчевска Бакиевска и наставничките Данијела Босилковска и Симеона Павловска за одлично подготвената програма и нивната посветеност во промоцијата на австриската и светска книжевност.
Со амбасадорот разговаравме за идниот развој на Библиотеката, за неговата поддршка за младите и нивната иднина во градот Битола, како и за збогатување на австриското катче со нови и актуелни книги.
Како установа, изразуваме огромна благодарност до амбасадорот за неговото присуство и поддршка за овај но, и за сите наредни активности, како и огромна благодарност до сите ученици, наставници и гости кои придонесоа за успешноста на настанот.
Заедно продолжуваме да градиме мостови на култура, знаење, пријателство и европски вредности!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook