Одбележете го Светскиот ден на книгата и авторското право со нас!

На 23 април, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Педагошкиот факултет – Битола го обележуваат Светскиот ден на книгата и авторското право, со еден посебен настан!

Програмата на настанот вклучува:

  • Обраќање од директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ м-р Бојан Стефановски
  • Читање на македонската порака и порака од УНЕСКО од проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска и проф. д-р Биљана Цветкова Димов
  • Читање на поезија од студентите на Педагошкиот факултет – Битола

Светскиот ден на книгата и авторското право е прекрасна прилика за сите нас да ја прославиме силата на писменоста, креативноста и значењето на книгите во нашите животи.

Датум: 23 април

Време: 11:00 часот

Локација: Просториите на Педагошкиот факултет – Битола

Придружете ни се на 23 април да го обележиме денот заедно!

Добредојдени се сите!