Разиграни и насмеани, овој пат не пречекаа дечињата во градинките „Кокиче“ и „Качунка“, како дел од активностите за заедничко одбележување на детската недела.
Тие имаа можност да слушна една прекрасна приказна и за истата да разговараат. На наше големо задоволство тие ни кажаа дека дома имаат голем број на сликовници и дека многу ги сакаат, а дел од нив и доаѓале во нашата библиотека.
За крај со песнички за есента и за запчиња не испратија до следното видување.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook