Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа едукативна работилница за самодоверба по повод Светскиот ден на менталното здравје и Светскиот ден на девојчињата
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола со низа активности го одбележа 10 Октомври – Светскиот ден на менталното здравје и 11 Октомври – Светскиот ден на девојчињата.
На работилницата беа вклучени ученички од средното економско училиште СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола.
Работилницата ја водеше Жанета Ристевска лиценциран психолог, на тема самодоверба.
Меѓународниот ден на девојчињата е основан од Обединетите нации за да ги промовира правата на девојчињата и да одговори на предизвиците со кои се соочуваат на глобално ниво рече Фатма Бајрам Аземовска, докторанд, раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста.
Повеќе од 62 милиони девојчиња ширум светот немаат пристап до образование. Во светски рамки и колективно, девојчињата на возраст од 5 до 14 години трошат над 160 милиони часови повеќе за домашни работи отколку момчињата на иста возраст. На глобално ниво, една од четири девојчиња се мажи пред да наполни 18 години. На 11 октомври 2016 година, Ема Вотсон, амбасадорка на добра волја на Обединетите нации, ги повика земјите и семејствата ширум светот да го спречат бракот кај децата. Многу девојки ширум светот се жртви на сексуално насилство, а сторителите честопати остануваат неказнети. За жал се уште голем дел малолетни девојчиња се мажат на рана возраст и стануваат мајки и во нашата држава.
Жанета Ристевска лиценциран психолог за активностите за одбележување на Светскиот ден на менталното здравје потенцира дека е потребно да ја подигнеме свеста за менталното здравје со тоа што би требало да се зборува на повеќе теми. Од исклучителна важност е раното детектирање на проблемите кај младите, кои се повеќе се под притисок на влијанието и прекумерната употреба на социјалните медиуми, големото количество информации, кои не се слика на реалноста и создаваат услови за повлекување на младите, социјална изолираност и чувство на неприфатеност. Се почести се случаите на училишен мобинг не толку присутен во минатото, депресија, анксиозност, панични состојби. Менталното здравје вклучува емоционална, психолошка и социјална благосостојба. Менталното здравје влијае на тоа како размислуваме, што чувствуваме и како дејствуваме. Менталното здравје е важно во секој период од животот, во текот на детството и адолесценцијата вклучувајќи ја и зрелоста.
Поради тоа и група на девојчиња беа вклучени во едукативната работилница на тема САМОДОВЕРБА.
Низ работилницата се запознаваа со поимот САМОДОВЕРБА. Како резултат од безброј истражувања на оваа тема во областа на психологијата, високата самодоверба значи подобро здравје, подобар социјален живот, заштита од ментални нарушувања и социјални проблеми, здраво справување со животот и ментална добросостојба. Тие се поуспешни генерално во животот. Луѓето со висока самодоверба се посреќни, имаат поголемо ниво на задоволство од работата која ја работат и повеќе шанси да преживеат тешки здравствени предизвици.
Низ работилницата „Да изградите самодоверба, практикувајте самодоверба“. Препознаваа кај себе силни страни, слаби страни.
Го открија својот внатрешен монолог дали е позитивен или негативен. Дали се сакаат себеси, нежни се кон себе како личност. Дали се само почитуваат? Присутните се запознаа со некои когнитивно-бихевиорални техники кои се фокусира токму на отстранувањето на пречки, кои го одржуваат ниско нивото на самопочитта, а тоа се: ирационални стравови, попречувачки мисли и неделотворен комуникациски стил.
Можеме да изградиме нова слика за себе, да се почитуваме повеќе, да станеме позадоволни од себе и посигурни во себе. Потребен ни е внатрешен монолог што вели: „Ако сакам, ќе успеам!“, „Јас сум силна“, „Јас имам таленти“, „Вредам затоа што сум неповторлива и единствена“… Да почнеме да се почитуваме повеќе уште денес!
Низ работилницата на овој начин тие стануваа свесни дека како девојчињата имаат потенцијал да го променат светот – како девојчиња денес, но така и во иднина како работници, мајки, претприемачи, ментори, глави на домаќинства и политички лидери. „Среќен светски ден на девојчињата“.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook