НУУБ „Св. Климент Охридски“ стартува со нов циклус предавања и работилници наменети за подигање на компетенциите за пишување на стручните трудови на средношколците, студентите, како и сите кои се заинтересирани за акакдемско пишување.
Првото предавање е организирано во соработка со професорката Николина Поповска од СОУ „Таки Даскало“ и проф. д-р. Виолета Јанушева од Педагошкиот факултет Битола.
Првата работилница е посветена на пишување на есеј како завршен стручен труд во средните училишта, каде учениците имаа прилика да постават прашања, но во исто време да дадат мислења за организирање на следните предавања кои би биле во функција на наставно образовниот процес. Следните теми ќе се однесуваат на проектни задачи, презентации, цитирања, парафразирања и многу други теми кои за крајна цел имаат квалитетно и ефикасно академско пишување.
Работилници ќе бидат организирани во следната година како редовна активност на библиотеката во областа на напорите на библиотеката за подигање на квалитетот на учење, а информација за одржување на истите ќе биде објавувана на web страната на библиотеката.
На крајот од предавањето учесниците добија бесплатно зачленување во библиотеката.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook