Вечерва, Снешко Лео од бајката „Тајната на Сината Самовила” беше многу, многу налутен за нешто. Затоа дечињата и учителката Весела преку интерактивни техники за литературно изразување и творење смислија сосема нова приказна, како дел од бајката „Тајната на Сината Самовила” поаѓајќи од пресек на главната приказна. Па така Лео патуваше со воз, се сретна со лошите вештерки кои станале добри и со лошите Дедо Мразовци кои впрочем и никогаш не биле лоши…
Снешко Лео научи дека кога е лут не е многу мудар, затоа во лутина нема повеќе да носи брзи одлуки. А научи и дека треба да внимава чии совети слуша…
Дечињата направија и „вистински” снег и снешковци и облека за дедо мразовци. Преку забавни јазични и подвижни игри се смееја, се шегуваа, се радуваа, а за спомен со себе понесоа ШАРЕНГРАД букмаркери и весели насмевки.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook