Нашата библиотека ја посетија учениците од трето одделение од ООУ „Коле Канински“ – Битола заедно со своите наставнички Македонка Николовска, Жаклина Дамеска и Милена Јанкуловска, кои ни имаа подготвено една прекрасна прошетка низ страниците на трите лектири наменети за трето одделение: „Доктор Офболи“, „Шеќерната приказна“ и „Скокни, прескокни“.

Низ детска фантазија учениците вешто ни доловија што се се зборува во овие лектири. Тие не однесоа во светот на еден ветеринар каде се запознавме со животните на доктор Офболи и случките кои се случувале, потоа се запознавме со згодите и незгодите на шеќерното дете и за крај слушнавме прекрасни песни од лектира „Скокни, прескокни“.

За возврат и нашите библиотекари ги прошетаа овие дечиња низ волшебните лавиринти на библиотеката, каде имаа можност да ги видат сите скриени богатства кои таа ги поседува.

Книги, книги и уште многу книги, весници, списанија, брошури…

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post