Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, учениците ја изведоа претставата Слушни ме, која реално и емотивно го прикажува секојдневието на еден ученик – жртва на меѓуврсничко насилство. Оваа претстава е моќен крик на сите кои се соочуваат со овој проблем.
Браво за тимот на ученици од Едукативен Центар ЕдусфераAna Zhezhovska кои храбро чекорат кон промена! Му благодариме и на нашиот директор м-р Бојан Стефановски кој секогаш ги поддржува добрите, квалитетните и иновативни идеи.
Претставата наскоро ќе биде прикажана повторно.
Благодарност до Министерството за култура и туризам на Р.С.Македонија за поддршката.
Координатори на проектот м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар советник и Гордана Ѓоргиевска Неделковски, библиотекар.
Останете со нас за наредните изведби – заедно можеме да направиме промена!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook