Животот не е само стремеж кон остварување на посакуваната цел; тој е предизвик со сите негови составни делови. Можностите за постигнување нешто не доаѓаат сами по себе – потребно е да се избориме и да ги создадеме.

Проектот „Работилници за деца со попреченост“ продолжува со својата реализација, со цел учениците да стекнат различни знаења и вештини кои ќе им помогнат сигурно да чекорат по патеката на животот.

За да ја развиеме нивната моторика и логичко мислење, организиравме работилница на тема есен и плодовите што таа ги носи. Учениците учеа да препознаваат плодови (овошје и зеленчук од пластифицирани материјали) и од нив создаваа „компоти“ и „супи.“

Покрај овие активности, учениците научија многу нови поими, го зголемија вниманието за поуспешно извршување на задачите, како и за препознавање на годишните времиња (есен) и карактеристиките што ги носи ова време од годината.

Голема благодарност до дефектологот Александра Христов за приемот и успешната реализација на проектот.

Работилницата ја реализира Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook