Денес нашите најмали ученици – првачињата од ООУ „Климент Охридски“ – Битола, направија едно прекрасно и возбудливо патување во светот на книгите. Тие за првпат ја посетија библиотеката, место исполнето со тишина, приказни и чудесни ликови што живеат меѓу кориците на книгите.
Библиотекарките топло ги пречекаа и им раскажаа што претставува библиотеката, како се чуваат книгите и како секој читател може да стане нејзин пријател. Преку интересно илустрирано читање, децата уживаа во приказна полна со авантури и поуки, а нивните насмевки и љубопитни прашања го исполнија просторот со детска радост.
Оваа прва средба беше почеток на едно ново пријателство – меѓу децата и книгите. Веруваме дека од денес библиотеката ќе стане нивно омилено место за откривање, учење и соништа.
Голема благодарност до наставничките Ирена Георгиевска, Жанета Лутовска, Пандора Алексова Запаренко и Надица Трпковска кои ја иницираа оваа соработка.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook