НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола донираше над 200 книги за нашите највозрасни сограѓани.

м-р Емилија Стефановска-Давкова, директорка на библиотеката, рече:

“Книгата го стимулира мозокот кај повозрасните лица, го одржува умот активен, буди пријатни спомени и придонесува за подобро расположение и ментална свежина.”

Марина Крстиќ, директорка на домот, додаде дека овие книги ќе донесат радост и ќе го збогатат секојдневието на нашите корисници.

Веруваме дека читањето ја отвора душата, го буди умот и носи топлина секогаш кога е најпотребно!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook