Почитувани читатели,

По повод 5 октомври – Меѓународниот ден на учителот, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ја посветува цела недела на просветниот работник. Во коментари на нашата Facebook страница ги очекуваме позитивните посвети за Вашите наставници. Секој има своја приказна, а ние сакаме да ви дадеме можност да им се заблагодарите јавно на оние кои навистина Ви го осветлиле патот низ процесот на Вашето образование.

Ве молиме да ги споделите со нас Вашите искуства, советите и влијанијата што наставникот ги имал врз Вашиот живот. А ние ќе ги наградиме нив.

Коментарите со најмногу лајкови ќе бидат наградени.

Ве молиме вашите коментари да не бидат со негативни содржини, бидејќи истите ќе бидат веднаш отстранети.

NUUB Facebook – post