„Моќта на приказните: Работилница за инспирација и креативност“

На 19.11.2024 година, во рамките на проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time… and now“, се одржа работилница со децата од подрачното училиште во Светомитрани, дел од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – с. Бучин, Општина Крушево. На овој незаборавен настан, учениците имаа можност да слушнат три инспиративни приказни: „Добриот човек“, „Убиецот на змејот“ и „Трите пеперутки“.

Преку раскажувањето на овие приказни, децата беа инспирирани да размислуваат креативно, да се поврзат со важните животни вредности и да ја разбудат љубопитноста за приказните како форма на учење. Радоста и вниманието со кои ја следеа работилницата потврдија колку овие активности придонесуваат за нивниот личен и образовен развој.

Проектот „Sasas Jekhvar Jekh“ е поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија и обединува партнерски организации од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција. Заедно сме посветени на зачувување и промоција на културното наследство преку создавање збирка приказни што инспирира и збогатува.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook