„Мојата библиотека во бои“ – креативна активност со првачињата од ОУ „Гоце Делчев“ – Битола
На 12 септември 2025 година, заедно со учениците од I-1 одделение, одржавме креативна работилница „Мојата библиотека во бои“.
Преку цртање и боење на контурата на нашата библиотека, децата ја претставија со свои бои и фантазија, а потоа ја споделија реченицата: „Во библиотеката сакам да читам…“
Како дел од активноста, одделението доби и по еден примерок од омилената детска книга „Бушава азбука“, во издание на Види вака раскажувачко студио.
Голема благодарност упатуваме до:
директорката Наташа Ставревска,
наставничката Биљана Стојковска,
учениците од I-1,
педагогот Даниела Димитриевска,
психологот Елена Милошевска,
за прекрасната соработка и поддршка во реализацијата.
Заедничката фотографија со обоените цртежи и подарената книга е уште еден доказ дека библиотеката е „куќа на книгите“ во која секое дете може да ја внесе својата боја.
Следната недела продолжуваме со другите првачиња.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook