Невладината организација Лоја од Тетово заедно со Битолската библиотека, вчера (03.05.2022 година) организиравме работилница со цел да ги промовираме интеркултурните вештини за читање и демократските вредности преку културата на читање и на ракување со регионални висококвалитетни литературни дела. Во работилницата беа вклучени ученици од ООУ „Стив Наумов“ – Битола, се разговараше околу навиките на читање на учениците, презентација на творби од самите ученици, рецитирање на поезија, креирање на приказни, креативни игри и работилници итн. И благодариме на директорката Дијана Христовска од ООУ „Стив Наумов“ – Битола и наставничката Магдалена Сајкова за одличната соработка и препознавањето на квалитетните проекти за вклучување на учениците, како и во вчерашната работилница.