Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола денес (18.6.2026 година) се реализираше работилницата „Млади гласови од Битола – од идеја до подкаст“, која ја водеше професорот Никола Трајковски.
Меѓу учесниците беа и членовите на младинското радио Youth Radio, кои имаа можност да слушнат, но и активно да споделат свои идеи, мислења и искуства поврзани со подкастите и современите медиуми.
Учесниците се запознаа со основите на подкаст продукцијата, подготовката на содржина, техниките за водење разговор, креирањето интересни прашања за гости, како и со начините на кои можат да го изразат своето мислење, да изградат сопствена публика и да воспостават успешна комуникација со неа. Преку практична работа, младите ги направија и своите први чекори во снимањето и водењето подкаст.
Работилницата уште еднаш потврди дека младите имаат идеи, ставови и приказни кои вреди да се слушнат, а подкастот претставува одлична алатка за креативно изразување, учење и активно учество во заедницата.
Благодарност до професорот Никола Трајковски за инспиративната и интерактивна работа со младите, како и до сите учесници кои со својата љубопитност, енергија и ентузијазам придонесоа за успешна реализација на настанот.
Активноста се реализира во рамките на проектот „Културни манифестации во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола“, поддржан од Министерството за култура и туризам.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook