Во организација на Библиотекарското здружение на Република Македонија, на 16-17 мај во Дојран се одржа Меѓународна конференција „Примената на вештачката интелигенција во библиотекарството: предизвици и можности“.

На Конференцијата учествува библиотекари од Македонија, Србија, Хрватска, Турција, Унгарија, Ирска, Германија, Холандија, Бугарија, Косово и Азербејџан, кои меѓу себе споделија бројни информации, корисни искуства и нови практики.

Претставници од нашата Библиотека беа Јелена Петровска, во улога на модератор на Конференцијата, Лидија Мирчевска советник библиотекар и Милка Котевска, член на Извршниот одбор на БЗМ.

Оваа година БЗМ прослави и 75 години од неговото постоење. Основачко собрание на Друштвото на библиотекарите на НРМ е одржано на 16 септември 1949 година, со задача да работи на подигнувањето, унапредувањето и ширењето на библиотечната мрежа, издигнувањето на библиотечните кадри и одгледувањето на библиотечната струка, како и да дава мислење и помош по сите други прашања од областа на библиотекарството.

И денес ова здружение продолжува по истиот пат, како репрезентативен претставник на сите библиотекари во Македонија.

За овој јубилеј беше изработена специјална брошура од м-р Милка Котевска, виш библиотекар од нашата библиотека.

NUUB Facebook пост