Меѓубиблиотечно позајмување
За своите членови Библиотеката врши позајмување на документи (книги, статии од списанија, патенти, стандарди и др.) од библиотеки во странство преку системот на меѓубиблиотечно позајмување.
Во службата за меѓубиблиотечно позајмување корисникот поднесува писмено барање со точно и читливо наведени библиографски податоци за документот што се бара : автор/и; наслов; наслов на списанието (за статии); година и место на издавање, том; број; број на страни и др. податоци што го идентификуваат документот ( пр. ISSN или ISBN број).
Библиотекарот ја сугерира најповолната варијанта за побрзо и поекономично добивање на документот. Корисникот самостојно решава за изборот. Нарачките обично пристигаат за 10-20 дена. Службата за меѓубиблиотечно позајмување веднаш го известува корисникот за пристигнувањето на документот, а тој сам го подига од Библиотеката. При тоа, корисникот ги плаќа трошоците за услугата според добиените фактури и ценовникот на Библиотеката.
Позајмените документи во оригинална форма се враќаат најдоцна 30 дена по пристигањето.
Контакт: Светлана Талевска, библиотекар