На ден 04.04.2023 година директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со директорката на ООУ „Коле Канински“ – Битола, Дијана Толевска Христовска.

На овој состанок се разговараше за активности кои се опфатени со меморандумот и ќе бидат приоритет во соработката на овие две институции, се со цел подобрување на наставниот процес и користењето на библиотечните услуги.

Преку работилници, настани, трибини планирано е активно вклучување на учениците и наставниот кадар од ова училиште во активностите на библиотеката која секогаш ги прати актуелните интереси и проблеми на кои треба да се стави посебен акцент.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook