Денес нашата библиотека ја исполнија детски насмевки и радосни очи!
Не посетија дечињата од градинката „Мали Генијалци“, кои со големо љубопитство и возбуда ги слушаа првите информации за библиотеката, за книгите и за богатството што се крие во нашето Детско одделение.
Малите читатели прошетаа низ полиците полни приказни, разгледуваа книги, се запознаа со Брајовото писмо и имаа можност да научат дека светот на книгите е бескрајна авантура.
Овој ден беше исполнет со радост, откривање и нови пријателства со книгите.
Веруваме дека ваквите посети оставаат силна трага кај најмладите – љубов кон читањето која ќе расте заедно со нив.
Нашата библиотека секогаш е отворена за најмалите љубопитни умови – затоа што секое дете заслужува да ги открие магиите што ги носи книгата!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook