Денеска нашата библиотека беше исполнета со радост, детски ѕвон и љубопитни погледи!
Учениците од III одделение при ОУ „Гоце Делчев“ – Битола најпрво се запознаа со просториите на библиотеката, начинот на користење на книгите и можностите што таа ги нуди.
Им ја најавивме и убавата можност – бесплатно запишување во библиотеката до крајот на месецот!
Потоа, децата учествуваа во креативната активност „Комбинирана читање-игра“, преку која откриваа пораки, соработуваа и учеа да читаат со разбирање и фантазија.
Активноста поттикна креативно изразување, самодоверба и групна интеракција, а библиотеката повторно стана место каде што книгите оживуваат преку насмевките на најмладите читатели.
Настанот го реализиравме со библиотекар Маја Марковска и во соработка со одделенските наставнички Марија Ташкова, Татјана Дранговска, Даниела Јончевска и Теута Бајрам.
Искрена благодарност до директорката Наташа Ставревска за поддршката и одличната соработка.
Настанот е реализиран на ден 27.10.2025 година.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook