Книгата е најефикасниот „убиец” на здодевноста која е полна со знаење и животни лекции. Времето најбрзо минува кога одбереме да читаме книга, а часовите се претвораат во минути.

За да навлеземе во сржта на поезијата и да ја почувствуваме со сите сетила, особено лирската песна, денес во СОУ „Јане Сандански“ – Битола, заедно со учениците од прва година, под водство на професорката Христина Зариевска, читавме лирски песни, анализиравме размислувања и разменувавме различни ставови. Распламтувајќи ја фантазијата и зголемувајќи ја креативноста преку пишување на лирски песни од страна на учениците, заклучивме дека колку повеќе читаме, толку повеќе се зголемува љубопитноста и инспирацијата за самостојно пишување. Со тоа се збогатува речникот, се подобрува друштвениот живот, се создаваат нови пријателства и се станува подобар човек.

Благодарности до директорката Билјана Јанкуловска.

Повеќе фотографии и видеа на следниот линк: NUUB Facebook