Уште една година е зад нас, многу часови и денови поминати со вас драги наши читатели. Оваа година за вас направивме нов простор кој треба да ве инспирира да бидете дел од волшебниот свет на книгата.

Дневна соба на градот е вашето место за дружење со пријатели, со библиотекари и со книги.

Секое време поминато во добро друштво, во убав простор со сосема поинакви доживувања со познаници и пријатели, е прилика за добро расположение и за нови искуства.

Во холот на библиотеката ќе најдете топли напитоци, како и прилика за играње на некоја од друштвените игри кои за вас ги подготвивме. Можете да решавате крстозбори и да закажете средба со библиотекарот, кој ќе ви помогне во изборот.

Доколку сакате да поминете пријатни мигови со вашето дете, да закажете средба со пријателка, и располагате со вашето време, повелете на кафе во Библиотеката.

Сакате да читате дневен печат, или пак да само прелистувате хоби литература од најразлични области, библиотеката е право место за вас.

Не знаете како да го пополните вашето време, дојдете во Библиотеката, библиотекарите сигурно ќе ја најдат вашата омилена област.

Нови информации, нови образовни предизвици побарајте ги кај вашиот библиотекар.

Дојдете, посетете не и стекнете нови пријатели!

Ве очекуваме!

Среќни празници!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook