Почитувани,
Во саботата, на 18.05.2024 година, со почеток во 18 часот, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола, се одржа прекрасен литературен настан со гостување на познатиот поет и социолог Стефан Симиќ од Србија. Настанот привлече голем број љубители на поезијата и културата, кои имаа можност да се запознаат со творештвото и размислувањата на овој истакнат автор.
Стефан Симиќ, роден во Параќин и дипломиран социолог од Филозофскиот факултет во Белград, ги претстави своите пет книги. Преку своите дела и настапи, Симиќ успева да пренесе длабоки пораки за меѓусебното разбирање, толеранција и соработка меѓу луѓето, поддршка итн. Неговото излагање беше полн со емоции и инспирација, истакнувајќи ја важноста на уметноста како средство за зближување на луѓето и поттикнување дијалог за општествените прашања. Публиката беше воодушевена од неговите стихови и размислувања. На крајот на настанот сите присутни имаа можност да добијат примерок од неговаата книга.
Оваа вечер ќе остане запаметена како извонреден културен настан во кој сите уживаа во прекрасната атмосфера.
Ја користиме можноста да искажеме посебна благодарност на Жанета Сервини за нејзината помош и поддршка во организирањето на оваа вечер и поврзувањето со Стефан Симиќ.
Ви благодариме на сите што присуствувавте и ја направивте оваа вечер незаборавна. Се надеваме на повеќе вакви настани во иднина.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook