Издавачката куќа „Арс Ламина“ распишува ликовен конкурс на тема „Во светот на приказните“, наменет за децата од градинките на возраст од 4 до 6 години. Конкурсот е во состав на кампањата за поттикнување на читачките навики на децата „Читањето е супермоќ“ и ќе трае од 1 април до 10 мај 2024 година.

– КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?

Tворбитe треба да се испратат на е-адреса: konkurs@arslamina.com. При конкурирањето, учителката или родителот треба да ги наведат следните податоци: име, презиме, ментор, возраст и градинка, како и поштенската адреса и телефонскиот контакт (од родител).

Победниците ќе бидат соопштени и наградени на посебен настан на почетокот на јуни 2024 година. Наградниот фонд се состои од дипломи и книги обезбедени од „Арс Ламина“.