Со голема чест и задоволство бевме дел од инспиративниот настан „КРОШУ инспирира преку книга“, каде што љубовта кон книгите и читањето се славеше со енергија, креативност и силен тимски дух!
Нашата вработена, м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар советник имаше привилегија да биде дел од жирито, оценувајќи го богатството на идеи, ангажираност и посветеност кои учесниците ги вложија во овој настан.
„Работното место може да биде и простор за инспирација, раст и културна вредност“ – порача Фатма, истакнувајќи ја важноста на културата на читање и нејзината моќ да обединува и поттикнува личен развој.
Честитки до целиот тим на КРОШУ за:
- Собрани неверојатни 1007 книги,
- Креативни штандови и активности,
- Одлична организација и инспиративна атмосфера!
Се радуваме што нашата библиотека беше дел од иницијатива која вистински ја отсликува мисијата на читањето – да инспирира, едуцира и зближува.
Читај. Сподели. Инспирирај.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook