Денес просториите на нашата библиотека беа исполнети со детскиот џагор. Во посета ни дојдоа и учениците од ООУ „Гоце Делчев” од Демир Хисар со наставничките Билјана Соколовска и Маја Велевска. Тие имаа можност да се запознаат со работата и активностите во библиотеката.

Ги разгледаа сите одделенија со посебен интерес и реализиравме креативно пишување и читање на литературни творби.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook