Додека размислуваме за подобра иднина на секое дете, да не дозволиме децата со попреченост да заостанат.

Инклузивното образование ја вреднува различноста и уникатните придонеси кои секој ученик ги дава во училницата. Во вистинска инклузивна поставеност, секое дете се чувствува безбедно и има чувство на припадност.

Учениците и нивните родители учествуваат во поставувањето на целите за учење и во носењето одлуки кои ги засегаат. Додека, пак, вработените во училиштето се соодветно обучени, флексибилни и имаат поддршка и ресурси за да ги негуваат, охрабруваат и одговорат на потребите на сите ученици.

Денес со ученици со попреченост од ООУ „Ѓорѓи Сугарев” – Битола, реализиравме активност за идентификување на сенки и поврзување промена на сенките во текот на денот спрема положбата на сонцето.

Со светење на помошна ламба на одреден предмет, учениците имаа задача да ги цртаат тие предмети и да ги поврзуваат сенките со соодветниот предмет.

Со ваквите активности им се олеснува секојдневието на овие деца за перцепирање на предмети, ориентирање во простор и поголема социјализација.

Проектот е поддржан од Министерството за кутура на Р.С. Македонија.

Координатор на проектот е Јасминка Кочевска.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook