Денес во НУУБ „ Св. Климент Охридски“ – Битола, се реализира креативна работилница по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј.
Во нивна чест денес твореа учениците од ООУ „д-р Трифун Пановски“ – Битола под менторство на наставничката по ликовна уметност Анета Груевска. Пред присутните ученици и идни уметници прекрасна презентација одржа и магистерот по ликовна уметност, конзервација и реставрација Николче Српчански кој накратко преку фотографии го презентира патот на Светите браќа Кирил и Методиј и развојот на глаголицата.
Во нивна чест пред присутните се обрати и директорката на библиотеката м-р Емилија Стефановска-Давкова која го потенцира значењето од зачувувањето на една азбука и буквите со кои твориме за зачувувањето на идентитетот на една нација.
Учениците заедно со наставничките по македонски јазик Светлана Мирчевска и наставничката по географија Моника Атанасов на посебно платно ни изработија цртежи на кој се овековечија ликот и делото на Светите браќа Кирил и Методиј.
Вечна им слава!!!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook