Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола го организира Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“. Право на учество на овај натпревар имаат сите ученици од основните училишта до 14 годишна возраст кои се членови на училишните библиотеки или Детската библиотека која работи во состав на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. За подготовка на учесниците за овој натпревар Ви го предлагаме Прирачникот за подготовка на кандидати за натпреварот „Библиотекарство“ кој ќе ви го обезбеди Библиотеката.

Рокот за пријавување за учество на натпреварот е до 17 март 2023 год., писмено по пошта на адреса Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39 со назнака за Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ или лично секој работен ден од 07.30 до 12.00 часот. Општинскиот натпревар ќе се одржи на ден 12 април 2023 год. (среда) со почеток во 12 часот во просториите на Библиотеката.

Победникот од овој натпревар се стекнува со право на учество на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи на 12 мај (петок) во 12 часот во Библиотеката „Искра“ во Кочани.