Денес, 27.02.2026 одржавме работилница за креативно пишување со писателката Марија Трифуновска Тасеска – „Предизвик со 5 необични нешта за 5 минути”.
Учениците од 5-1 одделение од ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола, беа одлични писатели кои се нурнаа во вртлогот на креативноста и создадоа најинтересни приказни врз основа на предизвиците кои ги добија.
Научија што е најбитно за да се создаде една добра приказна и преку забава и мудри заклучоци разбраа дека писателите имаат супермоќ и со неа можат да направат сѐ да е возможно. Користејќи ја моќта на пишувањето, учениците ги создадоа „Настинатиот кит кој имаше празна мапа”, „Часовникот кој не покажуваше време туку ги телепортираше другите во разни места низ светот”, „Каменот што ја менуваше формата и се претвори во милениче и компјутер”, „Клучот што не отклучуваше врати ама носеше во еден посебен и среќен свет” и „Волшебниот молив што беше обезбеден и само мудрец можеше да го земе”.
Работилницата се одржа во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, каде што на почетокот учениците имаа можност кратко да се запознаат со библиотеката, читалните и можностите што им се нудат како млади читатели и идни истражувачи.
Со радост и ентузијазам тие споделија длабоки пораки за пријателство, разбирање и свет исполнет со добрина и љубов.
Благодарност до учениците од 5 одделение, до директорката Гордана Јоначиќ и наставничката Татјана Чапкуноска за соработката и поддршката, како и искрена благодарност до писателката Марија Трифуновска Тасеска за инспирацијата, креативната енергија и посветеноста кон најмладите творци.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook