На 28.10.2026 година, ги посетивме првачињата од ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола.

Заедно ја читавме сликовницата „Лепчето кое расте“, а децата со внимание ја следеа приказната. Потоа, преку боење, ја разиграа својата фантазија и ја покажаа својата креативност.

Ваквите средби се можност кај најмалите да ја поттикнеме љубовта кон книгите, читањето и творењето и да создадеме убави спомени од нивните први читателски искуства.

Благодарност до наставничката Драгана Шерденков и директорката Гордана Јоначиќ за соработката и поддршката!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook