Вчера книгите не беа само зборови на хартија – беа алатка за градење самодоверба, одговорност и радост!
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, во соработка со ПХВ групата Искри на хуманост при ООЦК Битола и ОУ „Гоце Делчев“ – Битола, реализиравме креативна и едукативна активност со најмалите – првоодделенците.
Преку читање приказни за важни животни вредности, ги поттикнавме децата да размислуваат за тоа што значи да веруваш во себе, како се гради самодоверба и зошто одговорноста е клучна за секој успех.
Учениците слушаа, прашуваа и споделуваа свои искуства – нивната среќа и заинтересираност беа најголемата награда за нас.
Преку активноста „Книгите патуваат“ не само што ги доближуваме книгите до децата, туку и важните пораки што ги носат.
Исто така, ги запознавме и со мисијата на Црвен крст и улогата на волонтерите – првиот чекор кон хуманост и заедништво.
Продолжуваме да градиме посветена, емпатична и свесна млада генерација – чекор по чекор, приказна по приказна.
Им благодариме на директорката Наташа Ставревска, наставничките Ана Каранфиловска, Марина Шалваровска, Афрдита Амедовска и учениците од ОУ „Гоце Делчев“ – Битола.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook