НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола денес го одбележа 30 Јули – Меѓународниот ден на пријателството.

По тој повод, директорката м-р Емилија Стефановска-Давкова ги изненади дел од нашите драги посетители на штандот на Саемот на книгата со убав гест — подарок книга, придружена со порака:

„Книгите се најдобрите пријатели на луѓето.“

Бидејќи нашата библиотека е и ваш пријател, заедно го славиме пријателството преку читањето, споделувањето и заедничките вредности.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook