Од 5 до 7 ноември 2025 година, повеќе од 100 ученици од ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола беа дел од креативната активност „Книга од соништата“, реализирана во рамки на програмските активности на Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Децата имаа можност да ја измислат својата книга, да ѝ дадат наслов, корица и кратка приказна, поттикнувајќи ја својата имагинација и љубопитност кон книгите.
Во рамки на активноста, библиотеката се претвори во вистински „ѕид на соништата“, исполнет со бои, идеи и детска радост.
Во реализацијата на активноста учествуваа Адријана Ѓорѓиев и Лилјана Димовска, на кои им упатуваме искрена благодарност за посветеноста и инспирацијата.
Посебна благодарност и до директорката Гордана Јоначиќ за поддршката и одличната соработка.
Порака за крај:
„Секоја приказна започнува со една мисла — и секој може да биде автор!“
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook