Во НУУБ„Св. Климент Охридски“-Битола се одржа втората работилница на Центарот за поддршка и помош на деца и лица со попреченост ,,Сложувалка Срце” од проектот

,, Книгата – прозорец кон светот ”поддржан од Министерството за култура на РСМ насловена под мотото ,,Клуб на читателки” .

Во месец март – месецот во кој се одбележува Празникот на жената ставивме акцент дека не само на тој ден, туку во секој еден ден треба да се дава значење на жената како човечко битие и дека жената како личност пред сѐ, треба да води самогрижа (грижа за себеси) за да може да биде психо –физички подготвена да се соочи и успешно да ја реализира секоја животна улога (улога на родител, на член во семејството, работник, итн.).

Преку интересни несекојдневни активности меѓу родители на деца со типичен и атипичен развој, членови на семејства на деца со типичен и атипичен развој и стручни лица кои работат со детската полулација на несекојдневен начин се промовира колку читањето е важен сегмент за емоционалниот развој на возрасните и на кој начин да се применува читањето како терапија односно таканаречената библиотерапија за соочување со предизвиците на секојдневието на денешницата.

Низ интерактивни дискусии со користење на библиотерапија преку краток опис и раскажување на книга која оставила печат на животот на читателот, женски лик со кој се поистоветува и карактеристики на ликот кој ги поседува или би сакал да ги поседува, извадок, цитат, мисла од книгата кои останале запаметени од читателот како негова водечка сила или животно мото се промовира како може преку книга да дојдеме до среќен живот.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook