Во Месецот на книгата (15 октомври – 15 ноември) НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Центарот за поддршка на деца и лица со попреченост „Сложувалка Срце” во пријатната и идилична атмосфера на Дневната соба реализира работилница под мотото „Книгата – прозорец кон светот” чија идеја и цел е преку реализација на низа на инклузивни активности и вклучување на деца со типичен и атипичен развој во нив, да поттикне правилно користење на слободното време во попладневните часови на децата и истите да стекнат што поголем интерес за книгата, љубов кон книгата, чувство на одговорност за нејзино чување и пазење, желба за проширување на знаењата, навики за читање, а со тоа кај нив да се развие и желбата за повторно враќање во магичните простории кои ги има библиотеката. Во низата активности заеднички се читаше, се истражување, се разговараше, се развиваше нивната фантазија, се збогатуваше нивниот речник и се зајакнуваше социоемоционалната врска помеѓу децата.
Библиотеката поттикнува се повеќе ваквите работилници и дружби да прераснат во традиција!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook