„Не го чекај правиот момент, направи го“

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола овој пат со задоволство беше на кафе со младата и харизматична Ивана Христова. Таа штотуку заплива во водите на пишаниот збор издавајќи ја својата прва збирка поезија „Огнот во мене“.

„Во сите стихови е преточена мудроста на животот, слабостите на човекот, освестувањето на младоста, стожерот на постоењето… Просто, како да се воспеани од возрасен мудрец, но вистинската мудрост не е во годините, туку во бистрината на младата душа со длабочина на мудрец. (извадок од задната страна на задната корица од книгата „Огнот во мене“)

Ивана има 18 година и е ученичка во четврта година во ОСМУ„Д-р Јован Калаузи“ – Битола. И покрај тоа што своето образование го насочува во една од најблагодарните професии, а тоа е медицината, таа не ја крие својата љубов кон пишаниот збор и фотографијата.

Оваа книга е плот од двегодишната работа на Ивана. Taa почнува да пишува од единаесет годишна возраст скромно запишувајќи ги сите чувства од секојдневниот живот. Но последниве две години нејзините стихови созреваат и допираат длабоко до теми кои вредат да бидат прочитани. За на крај нејзиниот труд да го собери во оваа прекрасна книга поезија.

Покрај љубовта кон пишаниот збор Ивана ја негува и љубовта кон фотографијата со која професионално се занимава. Како фотограф таа има освоено неколку награди за прекрасните фотографии кој ги прави со својот фотоапарат.

На младата Ивана и посакавме голем успех во сите полиња и ја замоливме да ни испрати порака до вас, наши драги читатели:

„Читајте книги! Секоја книги било да е голема или мала, сигурно во некои реченици, во некои зборови ќе го пронајдете своето ,,ЈАС”.“

Facebook link