На 12.05.2022 година се реализира четвртата работилница во рамките на проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост“ од НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Нашите јунаци: Кристијан, Ава, Марија, Бојан, Андреј, Вероника, Афродита, Артемида, Никола и Јована вчера ни покажаа дека знаат да глумат, Ја освоија сцената во првиот миг, а нивните родители беа нивната верна публика. Што треба еден театарски глумец да знае, да прави и како да се поклони пред својата верна публика, ни беше предизвик да го совладаме. Глумевме манекени-манекенки, животни, доктори и што уште не. Една огромна благодарност до Софија Ристевска и нашиот актер-учител Валентин Дамчевски од „Интимен Театар“ – Битола кои ни овозможија оваа наша идеја да станe реалност. Координатори на проектот: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, Вера Марковска и Ирена Колевска