Библиотекарското здружение на Македонија оваа година ќе го реализира проектот што е финансиран од Министерството за култура на РСМ, а носи наслов „Како до подобри услови за работа на библиотеките и до подобра норматива за вршење на библиотечната дејност“.
На средбата се разгледуваа прашалниците кои што вклучуваат прашања потребни за пополнување на Светската мапа на библиотеки (ИФЛА), прашања за реалните услови за работа на библиотеката како и прашања во поглед на законската регулатива.
Од посетите и спроведената анализа, на 31 октомври во склоп и на годишното собрание на БЗМ ќе се одржи средба од собраните податоци, нивна анализа, но секако и дискусија за прашањата коишто ќе бидат собрани од одговорените прашања во прашалникот.
Јелисавета Костадинова и Наум Ѓоршовски (соработници за реализација на проектот).
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook