И оваа година учениците од Приватното средно училиште САБА под менторство на наставничката Бисера Бијелиќ-Стојчевска активно се вклучија во одбележувањето на 26 Јануари – Светски ден за едукација за заштита на животната средина. Со почетокот на второто полугодие започнуваме со првата работилница, на која разговаравме за содржините кои можат да ги опфатат во видеата кои тие ни ги подготвуваат по повод овој светски ден.

Преку овие настани и работилници им даваме можност на учениците да ја претворат својата креативност и желба за заштита на животната средина во моќна порака за сите.

Видеата ќе бидат промовирани во петок на 26 јануари во 12 часот.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook