„Денес сè се купува и продава. Дури и она за кое луѓето мислат дека нема цена. Тоа обично е и најевтино“ – „Диво месо“ од Горан Стефановски.
„Диво месо“е семејна драма во која темата е распаѓањето на едно предвоено македонско семејство. Распаѓањето е условено од времето и сосема различните сфаќања на животот на сите членови од семејството.
Идејата е да го сфатиме значењето на семејството, на нашиот корен, на домот, на татковината.
Дејството се случува во Скопје, во Дебар Маало, непосредно пред Втората светска војна.
Композицијата на драмата е модерна, авторот не го употребил класичното делење на чинови, туку на (17) сцени.
Јазикот е многу специфичен. Секој лик зборува со свој јазик, на свој начин. Изразот е многу стегнат и воопшто не постојат непотребни реплики.
Токму денес во СОЕУ „Јане Сандански” – Битола реализиравме активност со учениците од трета година со читање по улоги и емитирање на ликови, како и гласно читање на цитати кои допираат до дното на душата.
Благодарност до директорката на училиштето Биљана Јанкуловска и професорката Xристина Захариева.
Повеќе фотографии и видеа на следниот линк: NUUB Facebook